Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Средба на министерот Дурмиши со заменик-гувернерот на ГАФТ: Саудиска Арабија изрази подготвеност за економска соработка

Во рамки на учеството на Економскиот бизнис форум во Сараево, министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на учеството на Економскиот бизнис форум во Сараево, министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со неговата екселенција г. Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT).

Средбата се одвиваше во конструктивна атмосфера и претставуваше значаен чекор кон зајакнување на економските односи меѓу Македонија и Кралството Саудиска Арабија. Двете страни ја потврдија заедничката заложба за зголемување на трговската размена, која во моментот изнесува 44 милиони американски долари, со цел надминување на овој износ преку нови иницијативи и стратешки инвестиции.

Во текот на разговорот беа разгледани следните теми:

Реклама

Организирање на заеднички бизнис-форуми и меѓусебни посети на економски делегации;
Можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти;
Развој на Ски-центарот Кodra e Diellit – Тетово, како клучен проект за развој на планинскиот туризам и регионалниот развој;
Поддршка за халал сертификација на домашните производи, како конкретен чекор за зголемување на извозот и диверзификација на целните пазари.

Министерот истакна дека економијата на Македонија има значаен потенцијал, и со стратешки партнери како Кралството Саудиска Арабија, тој потенцијал може да се претвори во конкретни проекти кои ќе донесат развој, вработување и просперитет за државата.