Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Средба на македонските и катарските воздухопловни власти – побарано повторно воведување директна линија Скопје – Доха

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, на маргините на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, на маргините на 42-рото Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во Монтреал, оствари работна средба со висока делегација од Катар, предводена од претседателот на Катарските воздухопловни власти, Mohamed Faleh Al-Hajri, информираат од АЦВ.

Од страна на директорот Стојаноски било побарано, што поскоро повторно воведување на директна линија помеѓу Скопје и Доха која за Македонија е од големо значење од аспект на развој на економијата, трговијата, туризмот, како и олеснувања за македонските патници, кои Доха би ја користеле како конектирачка точка за нивните патувања до останатите држави на Блискиот Исток, и летови до Азија, Австралија и Нов Зеланд.

-На средбата, првите луѓе на воздухопловните власти разговараа и за продлабочување и унапредување на билатералната соработка во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на искуства, тренинг и обуки, взаемна помош и поддршка во процесите за оспособување на воздухопловен персонал, можност за студиски посети и обуки на работно место (OJT) и користење на најдобрите искуства во насока на зголемување на безбедноста во цивилното воздухопловство, се наведува во соопштението од АЦВ.

Реклама

Како што велат оттаму, средбата уште еднаш ги потврдила, исклучително пријателските односи меѓу двете земји и во духот на пријателството директорот Стојаноски ја потврдил поддршка на Македонија, за кандидатурата на Катар за членство во Дел III на Советот на ICAO.