Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Економија

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) предводени од претставникот на Канцеларијата на ИФЦ во земјава, Висар Перани, по повод презентацијата на проектот на ИФЦ којшто се однесува на унапредување на дигиталните финансиски услуги и промовирање на финансиската вклученост во регионот, во рамките на нивните стратегиски определби за создавање напреден и одржлив дигитален екосистем.

Иницијативата има за цел да ги поддржи иновациите, да помогне во градењето на капацитетите помеѓу давателите на финансиските услуги и да поттикне конкурентна и инклузивна финансиска околина.

На средбата беше истакнато дека Народната банка е институција којашто преку регулативата и активностите коишто ги спроведува значително придонесува кон дигиталната трансформација во финансискиот систем, што е впрочем и една од нејзините стратегиски цели. Притоа, беше нагласено дека новата правна рамка во платежната сфера овозможи либерализација и отворање на пазарот за нови даватели на платежни услуги, а со тоа и поттикнување на иновациите коишто ги носат финтек-фирмите.

Реклама

На состанокот ИФЦ ѝ понуди поддршка на Народната банка во повеќе области. Притоа, гувернерката посочи дека особено значајна би била поддршката за давателите на платежни услуги за оперативна подготовка за пристапување до платните системи во Европската Унија и ефективно искористување на можностите коишто ги нуди членството во СЕПА (коешто се очекува на почетокот на наредната година), во сферата на инстант плаќањата, како и при подготовката на новата среднорочната Стратегија за развој на платниот систем на земјата.

Претставниците на ИФЦ ја истакнаа важноста од усогласувањето на регулативните рамки со меѓународните стандарди, овозможувајќи интероперабилност на платните системи и поттикнување партнерства помеѓу банките, финтек-фирмите и останатите засегнати страни од приватниот сектор. Состанокот го означи првиот чекор во истражувањето на можностите за заедничка соработка за зајакнување на финансискиот екосистем на регионот.