Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Средба на градоначалникот Тони Коњановски со Елена Димушевска од НМ „Глас против насилство“

Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Комисијата за еднакви можности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ денеска остварија работна средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“, Елена Димушевска.

На средба во Битола се разговараше за продолжување на досегашната соработка и овозможувањето поголема грижа за жртвите на семејно насилство, информираа од локалната самоуправа.

-Општина Битола продолжува да обезбедува континуирана финансиска поддршка од еден милион денари за советувалишниот центар за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, се со цел непречено функционирање на центарот, каде што жртвата добива прихолошка поддршка, кариерно советување и правна помош. Националната мрежа „Глас против насиство“ ќе раководи со советувалишниот центар согласно стандардите за работа на советувалишните центри за жртви на семејно насилство усвоени од Министерството за труд и социјална поликтика, посочија од Општина Битола и потврдија дека Центарот во Битола има нова локација на улицата „Пеце Матичевски“ бр. 77/1.

Реклама

Општина Битола во рамки на програмите за спречување на родово-базирано насилство, како дел од пошироките иницијативи за заштита на жените и децата, овозможува едукација и сензибилизација на јавноста, обуки за службениците, како и соработка со НВО и други институции за обезбедување помош и поддршка на жртвите.