Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Средба на Гаши со раководството на RYCO

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретнал со раководството на Регионална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретнал со раководството на Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO), составена од генералниот секретар на организацијата Владимир Обрадовиќ; заменик-генералниот секретар, Крешник Лока; специјалниот советник, Ферас Кеиралах и раководителот на Локалната канцеларија на RYCO во Македонија, Владимир Ѓорѓевски. Исто така, на средбата присуствувала и заменик-претседателката на Клубот за младински прашања и политики, пратеничката Фериде Хаџиу.

На средбата, како информираат од собраниската прес-служба, се дискутирале политиките за младите, а Гаши посочил дека Собранието е секогаш отворено да дава поддршка за младинските прашања и регионалната соработка. Тој истакнал дека обврска на политичарите е да градат стабилен и меѓусебно поврзан регион, каде идните генерации ќе ја надградат својата иднина.

Претседателот истакнал дека младинските и родовите прашања имаат важно место во политиката како важен дел од државните прашања. Тој потенцирал дека мирот и стабилноста се важни во регионот и дека младата генерација ќе помогне во постигнување на овие цели. Го нагласи инфраструктурното поврзување на земјите од регионот за постигнување на подобра соработка и подобро разбирање меѓу младите. Нагласил дека треба да се работи на подобрувањето и унапредувањето на културата, образованието, инфраструктурата и економијата, а мирот ќе биде резултат на сите овие заеднички напори.

Реклама

Гаши ја нагласил и важноста за надминување на предрасудите меѓу младите, да има поголема сензибилизација и сите треба да бидат поактивни и да придонесат за мирот.

Заменик-претседателката на Клубот за младински прашања и политики, Фериде Хаџиу ги претставила активностите на Клубот кој претставува мост меѓу невладините организации, младинските невладини организации и законодавната власт, заложбите за унапредување на Националната стратегија за младите и нагласила дека меѓу приоритетите на Клубот се и дигитализацијата во образованието, кибербезбедноста и менталното здравје кои влијаат на животот на младите.

Генералниот секретар на RYCO, Владимир Обрадовиќ се заблагодарил за поддршката што ја добиваат од Собранието и ги претставил активностите што ги спроведуваат во насока на унапредување на младинската соработка во регионот. Истакнал дека младите сакаат нивниот глас да биде слушнат. Дополнително, посочил дека унапредувањето на културната соработка е дел од клучните активности на организацијата.

Заменик-генералниот секретар на RYCO, Крешник Лока ја нагласил важноста на Агендата „Млади, мир и безбедност“, ставајќи посебен фокус на улогата на младите во градењето стабилна и просперитетна иднина во регионот. Тој се осврнал и на предизвиците со кои се соочуваат младите, како што се одливот на мозоци и неповолната демографска слика, истакнувајќи ја потребата од заеднички пристап за нивно надминување. Лока потенцираше дека кршењето на табуата и надминувањето на предрасудите претставуваат клучни чекори кон градење доверба меѓу младите. Во таа насока, ја истакнал и размената на средношколци како значајна додадена вредност, која придонесува за подобро меѓусебно разбирање, развој на културна соработка и градење на мирот во регионот.