Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Средба на директорот на Царина со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа. Како што соопшти Царинската управа, ова бил заклучокот од средбата на директорот Бобан Николовски и помошник-директорот Влатко Лакордов со генералниот директор на СЕЛЕК, д-р Огуз Серкант Акин, и директорот за правни и внатрешни работи при СЕЛЕК, Јован Пешевски.

На состанокот двете страни разговарале за можностите за подобрување на регионалната прекугранична соработка.

– Директорот Николовски истакна дека еден од приоритетите на македонската царина е откривање на царински измами и спречување на обиди за сериозен криминал, при што од големо значење е зголемување на соработката со царинските органи од Југоисточна Европа преку оперативно споделување на податоци. Притоа, тој ја истакна важноста на одличната соработка со СЕЛЕК како клучна во брзото споделување на информации со царинските органи од регионот и зајакнување на безбедноста, се посочува во соопштението. 

Реклама

Од друга страна, генералниот директор на СЕЛЕК, д-р Огуз Серкант Акин, ја истакнал важноста од зголемен придонес на Македонија како членка на СЕЛЕК, посочувајќи дека Царинската управа е важен дел од синџирот на безбедноста во Југоисточна Европа и се заблагодарил за активното учество во текот на годините.