Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Средба на директорот на Царина со делегација од Кореја: Напредок на системот за управување со ризици со грант од Кореја

Системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Република Кореја ќе претставува еден од темелите за економски развој на државата. Реализацијата на системот се одвива согласно планот, при што истиот се очекува целосно да биде имплементиран до крајот на август. Модернизацијата на Царинската управа ќе придонесе за подобрување на капацитетите на Царинската управа во прибирање повисоки приходи во Буџетот и заштита на општеството. Ова беа заклучоците од денешниот настан со висока делегација на Корејска Царина, на кој беше презентиран прогресот од имплементацијата на проектот.

„Развојот на царинските системи за нас е динамичен процес кој го следи повеќегодишниот стратешки план за е-Царина на ЕУ. Ефикасното управување со ризикот е клучен елемент за овозможување непречено одвивање на легалната трговија, а во исто време идентификација на нелегалните активности. Севкупно, овој проект ќе придонесе за подобра заштита на интересите на граѓаните и бизнис-заедницата, преку идентификување на високоризичните пратки и навремена реакција со соодветни царински мерки“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, и притоа ја истакна важноста од поврзаноста на системот со останатите системи кои ќе се развиваат во иднина.

Од двете страни беше истакната важноста од продлабочување на соработката, со цел зацврстување на врските помеѓу двете земји.