Реклама

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Македонија

Средба на Божиновска со Рокас: Поддршката од ЕУ клучна во процесот на енергетска трансформација на земјава

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михаилис Рокас. Како што информираат од Министерството, разговорот бил посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт кон ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи.

Во соопштението се наведува дека на средбата биле посочени реализираните и планираните активности на Министерството во рамки на Реформската агенда, чија имплементација, како што велат, ќе продолжи со интензивно темпо.

Наведуваат дека на средбата посебно внимание било посветено на поддршката што Северна Македонија ја добива од Европската Унија преку ИПА III програмската рамка. Велат финансиската и техничка помош во висина од 5,2 милиони евра ќе биде насочена кон јакнење на институционалните и оперативните капацитети за водење ефективна енергетска политика и справување со климатските промени, како и кон подготовка на подзаконски акти, соработка со општините и анализа за спроведување на зелената транзиција.

Реклама

– Европската Унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Поддршката што ја добиваме преку ИПА инструментите е од суштинско значење за да изградиме поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните, истакнала министерката.

Во своето обраќање Божиновска истакнала дека Европската Унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Според министерката, поддршката што државата ја добива преку ИПА инструментите е од суштинско значење за изградба на поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните, истакна министерката Божиновска.

Средбата, додаваат, потврдила дека Европската Унија останува клучен сојузник на земјава во реализацијата на зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели.