Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Македонија

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8, што ќе значи целосна доизградба на коридорот и целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, истакна на денешното поставување камен темелник на новиот автопат, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Според Николоски, станува збор за исклучително важна делница која треба да обезбеди целина на автопатското поврзување на западниот дел од државата, преку Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, овозможувајќи целосно поврзување на Коридорот 8.

– Овие 12 километри се исклучително важни и треба да дадат смисла и целина на целокупното автопатско поврзување, не само од Скопје до Охрид, туку и на целиот Коридор 8. Со ова автопатско поврзување, целиот коридор добива смисла – рече Николоски.

Реклама

Тој нагласи дека градежните активности започнуваат токму на локацијата каде што завршува автопатот Охрид – Кичево, од каде трасата ќе продолжи кон Букојчани. Истовремено, на делницата од Букојчани до Гостивар веќе интензивно се работи на изградба на автопатско решение.

– Се работи за терен кој што е планински, кој што е исклучително тежок, терен кој што бара многу знаење, многу искуство и сметам дека изведувачите кои што се избрани, заедно со надзорот и со техничката поддршка, ќе можат да завршат одлична работа и сум убеден дека во предвидениот рок од 4 години проектот ќе биде завршен- посочи вицепремиерот Николоски.

Проектот, предвидува изградба на современ автопат со две возни ленти во секоја насока, со ширина од по 3,5 метри, како и помошни ленти од по 2,75 метри од двете страни. Проектираната брзина ќе изнесува од 110 до 130 километри на час.

Посочи дека почетокот на изградбата е дел од развојната визија поставена во 2024 година, со која државата треба да се позиционира како значајна крстосница на двата паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10.

– Сакам да се заблагодарам на премиерот, затоа што овие работи не се случајни, ова е дел од визијата која што беше поставена во 2024год. кога оваа Влада беше формирана. Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница помеѓу двата пан европски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. Македонија нема излез на море, но има уникатна географска местоположба, која што со силни инвестиции во автопатите и железниците, треба да значи економски напредок за бројни генедариции коишто доаѓаат после нас, нагласи Николоски.

Изградбата на делницата Букојчани – Кичево претставува значаен инфраструктурен чекор кон подобра поврзаност, побрз и побезбеден транспорт и зајакнување на стратешката улога на Македонија во регионалните транспортни коридори.