Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Средба на Беким Ќоку со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер

Координаторот на пратеничката група на „Вреди“ Беким Ќоку денеска во Собранието оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Координаторот на пратеничката група на „Вреди“ Беким Ќоку денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.

Како што информираат од собраниската прес-служба, амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со координаторот Ќоку разговараа за приоритетите и перспективите на Движењето „Вреди“.

Координаторот Ќоку ги истакна приоритетите на „Вреди“ во Собранието, како дел од владејачкото мнозинство, како и добрите односи во коалицијата.

Реклама

Реафирмирана беше заложбата на патот кон Европската Унија, при што координаторот изрази благодарност за поддршката што Франција ѝ ја дава на нашата земја кон оваа цел. Воедно, тој побара дополнителна поддршка во однос на спроведувањето на Францускиот предлог.

Соговорниците разменија мислења и за употребата на албанскиот јазик, новиот предлог-закон за правична застапеност, како и за барањето на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик.