Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Средба Минчев – Памер: Продлабочување на партнерството во реформите за модерна и квалитетна јавна администрација

Реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот сектор и зајакнувањето на административните капацитети беа централна тема на разговор на денешната протоколарна средба на министерот за јавна администрација, Горан Минчев со амбасадорот на Австрија во Македонија,  Мартин Памер.

Средбата, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација, се одржа во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Соговорниците ги истакнаа постигнатите резултати во имплементацијата на Заедничката рамка за оценување (CAF) и важноста од нејзина натамошна системска примена како алатка за подобри институционални перформанси и поголема отчетност.

Посебно беше нагласена досегашната успешна соработка со Австрија преку Австриската агенција за развој и KDZ – Центарот за истражување во јавната администрација, вклучително,како и студиската посета на институции во Виена од страна на претставници од Министерството во рамки на TAIEX програмата. Овие активности беа оценети како значаен придонес кон размена на знаења и приближување кон европските практики во управувањето со јавниот сектор.

Реклама

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за натамошно продлабочување на соработката, особено преку развивање на поинтегрирана и долгорочна рамка за поддршка на реформите. Двете страни се согласија дека следната фаза на трансформација на јавната администрација бара системски пристап, силна институционална координација и континуирана меѓународна поддршка.