Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Средба Лимани- Палминтери: Во фокусот на средбата – социјалните услуги, инклузијата на ранливите групи, младинските политики и демографските предизвици

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари протоколарна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери.

На почетокот на средбата министерот Лимани се осврна на приоритетните области на кои работи министерството со фокус на јакнење на социјалните услуги, инклузија на ранливи групи, зајакнување на младинските политики и управување со демографските предизвици.

На средбата стана збор и за можностите за продлабочување на билатералната соработка, меѓу другото и за забрзување на постапката на ратификување на договорот за социјално осигурување меѓу двете земји, што претставува придобивка за граѓаните на двете држави.

Реклама

Во отсуство на нов договор, процесите за остварување на права од пензиско и социјално осигурување се значително отежнати. Тоа ќе овозможи ефикасна координација на осигурителните системи и побрзо остварување на правата на граѓаните.

Соговорниците разговараа и за досегашната соработка на проекти во земјава со учество на невладини организации од Италија, каде во фокусот е подобрување на домувањето на Ромите како ранлива категорија, а со тоа и обезбедување пристојни услови за живот на истите, како и подобрување на пристапот до социјални, образовни и здравствени установи и социо-економската вклученост на ромската заедница во локалните заедници.

Двете страни искажаа задоволство од денешната средба и изразија подготвеност за зајакнување на соработката во областите кои се во надлежност на министерството.