Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Средба Хоџа – Ортиз: Продолжува успешната соработка со Шпанија околу животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, вчера оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаело Сориано Ортиз, на која се разговараше за напредокот и имплементацијата на клучните тековни проекти за заштита на животната средина, пишува во денешното соопштение на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што се истакнува во соопштението, на средбата била истакната поддршката од Кралството Шпанија за евроинтеграцискиот процес, особено во усогласувањето на националното законодавство со стандардите на ЕУ и зајакнувањето на институционалните капацитети во секторот животна средина.

– Добрата билатерална соработка меѓу двете земји се одразува и преку реализацијата на повеќе проекти поддржани преку ИПА-програмата, а во кои учествуваат шпански институции и компании – додаваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Реклама

Соговорниците ја нагласиле заедничката определба за понатамошно унапредување на партнерството и размена на искуства и добри практики, како значаен придонес во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди во областа на животната средина.