Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Средба Гаши – Пармелан: Законодавниот дом е значително напреднат и игра клучна улога во демократските процеси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, биле потврдени одличните и пријателски односи меѓу двете држави, како и заедничката определба за нивно понатамошно унапредување и продлабочување. Била истакната важноста од парламентарната соработка, размената на искуства и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Претседателот Гаши изразил особено задоволство што сме сведоци на прва ваква посета од претседател на држава со која имаме соработка на високо ниво, нагласувајќи дека Швајцарија претставува пример и модел за развој на демократијата. Тој, исто така, изразил благодарност за континуираната поддршка од Швајцарија во процесот на европска интеграција, како и за реализацијата на Проектот „Програма за поддршка на Парламентот“, кој придонесува за зголемување на транспарентноста, отчетноста и вклученоста на граѓаните.

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан ставил акцент на работата на Собранието на Македонија, оценувајќи дека законодавниот дом е значително напреднат и игра клучна улога во демократските процеси. Тој истакнал дека државата се наоѓа на вистинскиот пат, со видливи достигнувања и напредок на високо ниво.

Реклама

Воедно, како што се наведува во собраниското соопштение, двајцата соговорници информирале за најновите активности и актуелните случувања во своите земји. Едногласно ја потврдиле подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка.

На средбата присуствувале и пратениците на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација – Илир Хасани, Александра Николовска, Мерита Коџаџику и Фатмир Битиќи, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Ибуш Јусуфи.