Реклама

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Македонија

Средба Гаши – Хаџиев: Членството на Собранието во ПАБСЕК важна стратешка определба на државата

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев.

На средбата, Гаши рекол дека неговата посета претставува значајна можност за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Македонија и организацијата. Притоа, било посочено дека членството на Собранието во ПАБСЕК се смета за важна стратешка определба на државата, која придонесува за зајакнување на регионалниот парламентарен дијалог и соработка.

Соговорниците размениле мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка.

Реклама

Претседателот на Собранието ја потврдил подготвеноста на Собранието и понатаму активно да придонесува во работата на ПАБСЕК и ја истакнал определбата на Македонија за унапредување на парламентарната соработка, економскиот развој и правните реформи во регионот. Соговорниците се согласиле дека постои простор за натамошно унапредување на соработката меѓу Собранието на Македонија и ПАБСЕК.