Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Средба Гаши-Бурита: Продолжува пријателскиот дијалог меѓу Македонија и Мароко

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита.

Средбата претставуваше продолжение на пријателскиот дијалог меѓу двете земји, со фокус на унапредување на институционалната и севкупната билатерална соработка. Претседателот Гаши го реафирмираше интересот на Македонија за укинување на визите со Мароко, како чекор кон олеснување на комуникацијата, економската размена и туризмот.

Особено нагласувајќи ги можностите за соработка во областите на економијата, земјоделството, туризмот, енергетиката, образованието и младинската размена.

Реклама

Министерот Бурита, од своја страна, ја истакна подготвеноста на Кралството Мароко за унапредување на односите, со посебен фокус на економската соработка, туризмот и парламентарната дипломатија.

Присутните ја истакнаа заложбата за формирање група за парламентарна соработка меѓу Македонија и земјите од Северна Африка, како трајна парламентарна платформа за дијалог и заеднички иницијативи.

Соговорниците ја oценија средбата како значаен чекор во јакнењето на билатералните односи и отворање на ново поглавје во пријателството меѓу Република  Македонија и Кралството Мароко.