Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Средба Гаши – Берсет: Остануваме доверлив и конструктивен партнер на Советот на Европа

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска оствари средба со генералниот секретар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет. На средбата беа разгледувани прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на подобрувањето на демократските процеси, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Овие теми се основни вредности на соработката со Советот на Европа.

Гаши, информираат од собраниската прес-служба, ја потврди посветеноста на Собранието кон демократските стандарди и институционалната стабилност. Тој нагласи дека овие принципи се важни при креирањето на јавните политики на државата. Рече дека Македонија останува доверлив и конструктивен партнер. Активно придонесува за зајакнување на демократската култура во регионот на Западен Балкан и е пример за мултиетничка демократија и инклузивно општество.

На средбата, Гаши ја изрази својата поддршка за иницијативата „Нов демократски пакт за Европа”, како навремен и стратешки одговор на предизвиците со кои се соочуваат современите европски демократии. Тој посочи дека овој Пакт е значајна рамка за спречување на демократското назадување и обезбедување подобра заштита од дезинформации, манипулации и надворешни влијанија во општествата. Особено ја истакна важноста на парламентите во имплементацијата на принципите на Пактот. Собранието, како гарант на демократскиот легитимитет, ќе биде активен учесник во овој процес.

Реклама

Претседателот на Собранието исто така го потенцираше значењето на Советот на Европа како важен столб на европската демократија. Во тој контекст, тој ја потврди потребата од координиран и заеднички европски одговор на проблемите со поларизацијата, намалувањето на довербата во институциите и дезинформациите во дигиталниот простор.

На средбата беше потврдено дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет. Тоа не е само политичка цел, туку и општествена трансформација која подразбира јакнење на владеењето на правото, независноста на институциите и борба против корупцијата. Гаши ја нагласи важноста на добрососедските односи и регионалниот дијалог, базиран на меѓусебно почитување и европски вредности, истакнувајќи дека силните и отпорни демократии се најдобра гаранција за мир и просперитет.

Средбата заврши со потврдување на подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Собранието на Македонија и Советот на Европа за заеднички да придонесат кон посилна, постабилна и подемократска Европа.