Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците на средбата била истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание било посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговарало и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма.

Значаен дел од разговорот бил посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила.

Реклама

-Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки – се наведува во соопштението.