Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Средба Божиновска-Шарлот Ру од ЕБРД: Зајакнување на енергетската соработка во фокусот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Шарлот Ру, Извршен директор за Централна и Југоисточна Европа во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

На средбата се дискутираше за тековните енергетски проекти во Македонија, при што беше посебно нагласена важноста на развојот на ветерниот парк Богданци 2 и напредокот на интерконекторот со Грција, кои ќе придонесат кон зајакнување на енергетската стабилност и интеграцијата во регионалниот пазар. Од страна на ЕБРД, беше изразен посебен интерес за искористување на хидроенергетскиот потенцијал, со фокус на можностите што ги нуди хидроцентралата Козјак.

Покрај тоа, на средбата беше разгледан тековниот процес на изработка на Грид мастер планот, кој е клучен за стабилноста на електроенергетската мрежа и за овозможување поголем удел на енергија од обновливи извори. Се разговараше и за модернизацијата на системот за контрола и мониторинг (СКАДА), како и зајакнувањето на сајбер безбедноста на мрежата. Исто така, беше потенцирана важноста на развојот на батериски системи за складирање енергија од страна на ЕСМ, како и инсталацијата на дополнителни капацитети за зајакнување на мрежата.

Реклама

Министерството и ЕБРД дискутираа и за мерките за енергетска ефикасност и потенцијалните инвестиции што банката може да ги поддржи во рамките на националната енергетска стратегија.

Министерството ја потврди својата силна посветеност кон партнерството со ЕБРД, која ја смета за клучен стратешки сојузник во процесот на енергетска транзиција и одржлив развој.

Двете страни се согласија дека продолжувањето на успешната соработка ќе биде од суштинско значење за унапредување на енергетската инфраструктура и зајакнување на енергетската безбедност на земјата.

-ЕБРД е посветена на поддршка на Македонија во нејзиниот енергетски развој и нашето партнерство ја покажува нашата заедничка цел – зголемување на енергетската сигурност и зелена економија во регионот, потенцираше Ру.

Средбата ја потврди заложбата за интензивирање на дијалогот и развојот на нови проекти што ќе придонесат кон зелениот преод и економскиот раст на Македонија.