Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Срамно е СДСM да зборува за економија, a токму тие ја оставија државата со празна каса, долгови и највисока инфлација

СДСM повторно шири паника, манипулации и лажни катастрофични сценарија, истите оние кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM повторно шири паника, манипулации и лажни катастрофични сценарија, истите оние кои 7 години ја уништуваа македонската економија, ја задолжија државата и ги оставија граѓаните со најниски плати и највисока инфлација.

Затоа токму СДСM нема кредибилитет да зборува за економија. За време на нивното владеење Македонија беше понижена, економски ослабена и заробена во криминал, тендери и неспособност.

Да потсетиме дека поради криминалната коалиција на СДСM и ДУИ предводена од Заев, Филипче и Ахмети, граѓаните живееја со 150 денари на ден, пензиите ги зголемуваа за мизерни 180 денари, платите растеа едвај 5%, додека инфлацијата дивееше со 14%. Народот осиромашуваше секој ден, а Македонија имаше едни од највисоките цени на горивата и најтешка економска криза.

Реклама

Срамно е СДСM денес да зборува за Пошта, кога токму тие, пред официјално да заминат од власт, ги оставија вработените без плата со месеци. Парите предвидени за 12 месеци ги потрошија за само 6 месеци, оставајќи хаос, долгови и институции пред колапс.

Тоа е вистинското наследство на СДСM и ДУИ, празна државна каса, криминал, неспособност и уништени институции.

Затоа денес СДСM и ДУИ панично ја бранат обвинителската коалиција на Коларевиќ и Абази, затоа што знаат дека времето на заштита на криминалот завршува и дека јавноста конечно ја гледа вистината.

Додека СДСM шири лаги и страв, ВМРО-ДПМНЕ работи на економска стабилизација, нови инвестиции, раст на платите и пензиите и враќање на довербата кај граѓаните и бизнис секторот.

Граѓаните веќе ја препознаваат разликата помеѓу одговорно, државничко работење и нивното време на лаги, корупција и економски дебакл.

Македонија конечно се движи напред со одговорните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ.