Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Спортски и рекреативни содржини за сите генерации на 4. издание на „Ohrid Water Festival“

Голем број спортски и рекреативни содржини за сите генерации и различни нивоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број спортски и рекреативни содржини за сите генерации и различни нивоа на спортска подготвеност ќе понуди четвртото издание на „Ohrid Water Festival“ што од утре до 30 август ќе се одржува во водите на Охридското Езеро. Тоа го истакнаа на денешната прес-конференција во Охрид градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Фестивалот, Никола Вретоски.

​Втората половина на август во Охрид, според градоначалникот, веќе е препознатлива по водените спортови, спортските предизвици и активностите поврзани со езерото. 

– Тоа е вистинската насока во која даваме и сакаме да се развива нашиот град, кој покрај своето природно и културно наследство има што да понуди и на љубителите на спортот, активниот туризам и секако здравиот начин на живот, истакна Пецаков.

Реклама

Посебно место во целата фестивалска програма, нагласи, ќе има Охридскиот пливачки маратон, круна на целиот фестивал, како еден од најзначајните и најпрепознатливите спортски настани поврзани со Охрид. 

– Традицијата на маратонот и неговата уникатна врска со Охридското Езеро се вредност која треба да ја негуваме и дополнително да ја афирмираме, подвлече Пецаков.

Изрази благодарност до сите охридски клубови, спортисти, спортски работници и организатори, партнери и институции кои се дел од приказната, нагласувајќи дека посветеноста покажува оти кога постои заедничка визија, Охрид има капацитет да креира квалитетни настани.

– ​Веќе создадовме една нова спортска традиција, сега е време таа традиција да ја развиваме и да ѝ дадеме уште поголема вредност. Ги поканувам сите наши сограѓани, гостите од земјава и странство, љубителите на спортот и забавата да бидат дел од четвртото издание на „Ohrid Water Festival“. Да уживаме во водените спортови и да покажеме дека Охрид не е само град на езерото, туку Охрид е и град кој живее со езерото, подвлече Пецаков.

Во овие 19 дена спортска програма, претседателот на Фестивалот, Вретоски најави дека 15 спортски клубови и здруженија организираат спортски манифестации во едрење, кајак, ватерполо, нуркање, Охридскиот пливачки маратон и Балканско првенство во пливање, СУП и акватлон, трка со традиционални кајчиња, спортски риболов, како и настани како Ред Бул педалинка и СУП јога. 

– Спортските манифестации, кои од година во година стануваат помасовни, привлекуваат учесници не само од Македонија, туку и од голем број европски држави. ​Изминатите години се покажа дека овој настан има големо значење за развојот на водените спортови кај нас, но и за промоција на Охрид и збогатување на туристичката понуда. ​Радува фактот што од година во година имаме сѐ повеќе учесници од цела Европа, со што фестивалот станува мост за поврзување и соработка меѓу домашните и странските клубови, заклучи Вретоски. ​

​Покрај спортот, најави и музичка програма на кејот „Македонија“, пред хотел „Палас“. 

– Музичката програма ќе биде четири дена, почнувајќи од 26 август со концерт на Ѓоко Танески, 27 август е детски ден, со концертот на „Златно славејче“ во организација на Шпаркасе банка,  на 28 август е групата „Везилка“ и на 29 август завршуваме со групата „Нокаут“, информира Вретоски. 

Посетителите на Ohrid Water Festival ќе имаат можност да погледнат и изложби посветени на Охридското Езеро, водените спортови, како и неговата богата флора и фауна.