Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Спортот и спортската дипломатија првпат вклучени во Националната стратегија за соработка со дијаспората 2026-2030

Спортот и спортската дипломатија за првпат се вклучени како посебен постулат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортот и спортската дипломатија за првпат се вклучени како посебен постулат во Предлог–текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2026–2030, кој денеска беше презентиран на јавната дебата во Владата. Во рамките на понатамошниот инклузивен процес, Стратегијата ќе биде објавена и на Националниот регистар на прописи – ЕНЕР, се наведува во соопштението од Министерството за спорт.

Носител на процесот за изработка на Стратегијата е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со ресорните министерства, меѓу кои и Министерството за спорт, и други институции надлежни за областите опфатени во соработката со дијаспората.

Националната стратегија, како што се наведува во соопштението, има за цел да ги зајакне врските меѓу матичната држава и македонските граѓани во странство, со акцент на пет клучни области: конзуларни и социјални услуги, култура и туризам, образование и зачувување на мајчиниот јазик, спорт и спортска дипломатија, како и економија, инвестиции и надворешна трговија.

Реклама

-Вклучувањето на спортот како посебен постулат е резултат на анализите и анкетите спроведени од Министерството за спорт, кои покажаа јасна потреба од зајакнување на спортската соработка со дијаспората, подобар трансфер на знаење и зголемена промоција на македонскиот спорт во странство, се вели во соопштението.

Спортската дипломатија, како современ елемент на јавната дипломатија, е препознаена како алатка за унапредување на меѓународната соработка, промовирање на националните вредности, поттикнување мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Спортот, како универзален јазик, претставува значајна можност младите од дијаспората да ја зајакнат врската со матичната земја и да придонесат кон нејзината меѓународна видливост.

Од Министерството за спорт посочуваат дека во рамките на Стратегијата, планирани се повеќе конкретни мерки и активности, како воспоставување систем за идентификација и евиденција на спортскиот потенцијал од дијаспората, поттикнување трансфер на знаење и искуство во домашниот спортски систем, промоција и застапување на македонскиот спорт во странство, вклучување спортисти од дијаспората во национални тимови и програми, формирање Национален совет за спортска дијаспора, назначување спортски амбасадори од редовите на дијаспората, организирање промотивни активности и настани предводени од спортските амбасадори и подобрено вмрежување, чувство на припадност и меѓународен углед на македонскиот спорт.

-Со овие мерки, спортот станува значаен столб во новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2026-2030, со цел јакнење на врските со македонските граѓани низ светот и унапредување на меѓународната позиција на македонскиот спорт, истакнуваат од Министерството за спорт.