Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

СПМ: Никој не го сака ниту ДУИ, ниту Груби за формирање влада

Социјалистичката партија на Македонија во барањето на Артан Груби гледа како на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија во барањето на Артан Груби гледа како на нова доза специфичен хумор од кујната во Речица. Доколку е сериозен со безобразното барање за носење на уставни измени по што би следело коалицирање на неговата партија ДУИ во формирањето на влада тогаш оправдана е загриженоста за неговата општа состојбата, се вели во соопштението на Социјалистите.

„На Груби и на ДУИ им е јасно дека се веќе дел од мрачното минато на Македонија, како што им е совршено јасно дека доаѓа времето за нивната одговорност за сите криминални злодела и узурпации кои ги извршија врз македонските граѓани и држава.

Но, Груби на најпримитивен начин повторно гази врз граѓаните на Македонија, ги навредува и ги потценува со вакво барање за да се прифатат бугарските уцени. Со тоа тој потврдува дека ДУИ, самиот тој и апатридите од СДС се во директна спрега со великобугарската политика на Софија и се најодговорни за преговарачкиот пораз и блокадата на македонските евроинтеграции.

Реклама

Затоа што Груби, ДУИ и приврзокот СДС немаат основно чувство за Македонците кои во огромен број се против бугарските уцени и не ги прифаќаат уставните измени“ – реагираат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија и укажува на јавноста дека никој не го сака ниту ДУИ, ниту Груби за формирање влада.

„Спротивно на тоа, токму тој самиот со неговата ДУИ отворено се нуди со лажна слика за проевропска ориентација што е една од веселите теми за засмејување. Под нивната матрица на кротко нудење со сурово уценување се крие пакосниот лик на дволичност, лицемерие и порив за грабеж и измама.

Времето работи против овие политички истрошени ликови и измамници, подеднакво како што времето работи за македонските граѓани, за осмомајската изборна победа, за новото освојување на слободата и враќањето на државата на народот.“ – се вели во соопштението на СПМ