Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Македонија

Спасовски реши да не споделува нови детали за двојното убиство, ги прати новинарите одговори за бараат во ОЈО

Движењето на украденитот „цитроен“, шпекулациите за инспекторот кој споделувал информации од истрагата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето на украденитот „цитроен“, шпекулациите за инспекторот кој споделувал информации од истрагата, анализите од двата пиштола што ги нашла полицијата остануваат тајна. Министерот Оливер Спасовски не одговори на ниту едно од прашањата кои се покренаа во јавноста. Сега, според Спасовски истрага не се водела преку медиумите и секоја споделена информација може да наштети.

  • „Кога е во истрага случајот, сите шпекулации може само да наштетат. Сите детали и информации кои ќе ги уврди Обвинителството за тоа  ќе ја информира јавноста. Сите информации од МВР до ЈО ќе бидат доставени“, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарските прашања.

Неодговорено остана прашањето по која траекторија се движел „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања пред да се случи грозоморниот чин, но и кога и кој го донел возилото во Скопје. Инспектор кој наводно споделувал информации и фотографии за истрагата, ќе сноси одговорност тврди Спасовски иако не потврди дека таков пропуст се случил во МВР.   

Балистичкиот извештај од пронајдените два пиштоли, кој треба да покаже дали биле искористени во убиствата, кога ќе биде готов ќе биде доставен во обвинителството.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обвинува дека украденото возило било регистирано на камерите на „сејф сити“ –  од кога е украдено до денот кога беше запалено, наспроти тврдењата на министерот дека „Цитроенот“ не се движен пред критичниот ден.

  • „Возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато. Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР. И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања. Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација, што укажува на уште една лага на МВР Спасовски“ вели Драган Ковачки-ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата посочува дека ова се пропусти на истрагата на МВР и за тоа одговорност треба да сноси Спасовски. Министерот пак не одговара на обвинувањата од опозицијата, вели, во периодот на истагата јавноста се изнаслушала на секакви шпекулации и политиканство.  

https://youtu.be/i1D8E7raJ4U