Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Советот на јавните обвинители го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје

Советот на јавните обвинители на денешната четириесет и втората седница го усвои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители на денешната четириесет и втората седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информира дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

– Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска – иззјави Бесими. 

Реклама

Советот претходно донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова додека ѝ трае мандатот како член на Советот до 26 јули 2027 година.

На денешната седница Советот ја разгледа и едногласно ја прифати писмената изјава за продолжување на вршењето на функцијата во согласност со Законот за работните односи на членот на Советот, Кети Петкова.

Претседателот на Советот, Бесими, информира дека на 26 март годинава добиле одговор од Собранието, со кој го известува Советот дека во согласност со Законот за Советот на ЈО, Советот може да ѝ го продолжи мандатот. 

Светлана Стојковиќ изјави дека колешка Петкова на 15 август годинава ги испопнува условите за старосна пензија, а во согласност со законот има право да побара продолжување на функцијата додека ѝ трае мандатот до 26 јули 2027 година.

Петкова, во согласност со законот, се иззема од оваа точка и не учествуваше во расправата. 

Совето, на денешната седница едногласно донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје за јавниот обвинител Џулијана Мишевска поради исполнување услови за старосна пензија.

Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесим, по денешната седница на Советот на

Прашан како ги коментира причините за оставката на Ристоска, Бесими во изјава за медиумите по седницата, посочи дека нема да коментира никакви причини бидејќи во согласност со законот Советот само констатира престанок на функцијата.  

– Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право, во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме – изјави Бесими.