Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Прилози

Советниците во Карпош против планот за бетонизација кај поранешна „Алумина“

Хаос, нервоза, недочични пцовки и безобразни коментари во Општина Карпош каде се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос, нервоза, недочични пцовки и безобразни коментари во Општина Карпош каде се води битка за бетонизација на Општината, особено кај поранешната фабрика „Алумина“, каде според планот на Стевчо Јакимовски треба да никнат бетонски чудовишта кои ќе ги гради „Пуцко Петрол“, семејна компанија на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски. Станува збор за најмалку шест згради од кои две 35 катници, проект вреден над 250 милиони. Поголемиот дел од советниците се против овој план за кој сметаат дека ќе го уништи просторот.

Затоа прашуваме дали целта на ова вонредна седница е донесување на Програмата за урбанистичко планирање, што е уште една манипулација по секоја цена да се протне фамозниот ДУП за Алумина, како и сите останати ДУП-ови во општина Карпош кои што се на агендата на градоначалникот и таканаречената урбана мафија? вели Вељановски за Алфа.

Дополнително, спорно е што целиот план според советниците се носи во забрзана и процедура на локација каде што се бараше да има зеленило. Ама затоа советникот од Гром, го бранеше ДУП-от.

Реклама

Опозициските советници реагираат дека градоначалникот брутално ги злоупотребува своите вработени, односно дека целата администрација е присутна на седницата на Советот на општина Карпош. Инаку, Планот во моментов е на јавна анкета, а анкетни листови можат да поднесат само сопствениците на земјиштето.

Борис Грујоски