Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Советниците со низа прашања за сообраќајот и јавните претпријатија – следната година 80 нови електрични автобуси за Скопје

Советот на Град Скопје денеска ја одржа 3. седница посветена на советнички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Град Скопје денеска ја одржа 3. седница посветена на советнички прашања до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорите на скопските јавни претпријатија, на која советниците поставија низа прашања поврзани со сообраќајот, јавниот превоз, финансирањето и работењето на јавните претпријатија, како и со исполнувањето на обврските кон нив.

Советниците побараа информации за заостанати плаќања во „Комунална хигиена“, долгот на Општина Кисела Вода кон ЈП „Лајка“, проблеми со чистотата и сообраќајните решенија во повеќе делови од градот. Прашања беа упатени и за модернизацијата на јавниот превоз и намалувањето на старите автобуси. 

На седницата, меѓудругото, беа побарани одговори од Ѓорѓиевски за состојбата со сообраќајните раскрсници на улиците Павел Шатев и Фредерик Шопен кај Симпо, Црниче, како и на улицата Востаничка. 

Реклама

Како што беше посочено од страна на дел од советниците на Левица, граѓани иницирале барање за сообраќајно решение, меѓу кои поставување сигнализација, семафори или „лежечки полицајци“. Тие побараа и одговори од Ѓорѓиевски зошто, и покрај ребалансот на буџетот и доделените дополнителни средства за „Комунална хигиена“, повторно доцни исплатата на платите и регресот.

Прашања беа поставени и за модернизацијата на јавниот превоз, намалувањето на старите автобуси кои загадуваат, бројот на инспектори за контроли на нелегални горења, транспарентноста при именувањето директори во јавните претпријатија, како и за финансирањето на проектите во Сарај и Чаир, вклучително и улицата „Цветан Димов“ и обиколницата во Сарај. 

Во врска со модернизацијата на јавниот превоз, Ѓорѓиевски најави дека очекува за скоро време да биде распишана тендерската постапка за набавка на 80 електрични автобуси.

– Јас претпоставувам дека се однесува на модернизацијата на превозот, бидејќи прашавте. Од тоа што сме постојано информирани, но и целата јавност, знаете дека беше распишана тендерска постапка која пропадна, и верувам дека многу брзо ќе биде повторно распишана од страна на Владата, и дека наредната година ќе добиеме 80 нови електрични автобуси, кои секако ќе влијаат на подобрување на амбиенталниот воздух во главниот град. Земајќи предвид што премиерот досега реализирал, особено ако го знаете тоа добро, верувам дека наредната година граѓаните на Град Скопје конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека е потребно системско решение за јавните претпријатија. – Не треба да чекаме милостина, како што било случај во минатото, туку да создадеме систем во кој самите ќе можеме да напредуваме со состојбите во јавните претпријатија. Ќе дадам сè од себе за тоа да го направиме, рече Ѓорѓиевски.

Во однос на инспекциите, градоначалникот најави иницијатива за зголемување на бројот на инспектори за животна средина. – Бројката што ја имаме е мала, но тоа не значи дека не постапуваме. Контролите се вршат редовно, во индустриски капацитети и домаќинства. Ќе продолжиме во таа насока, но ни требаат дополнителни инспектори, вели Ѓорѓиевски.