Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Состојбата на јавниот тоалет во градскиот парк

 – Ова не е сцена од хорор филм, ова е јавниот тоалет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 – Ова не е сцена од хорор филм, ова е јавниот тоалет во градскиот парк во Скопје. Тука затекнавме нечистотија, отпадоци и пајажини кои висеа насекаде. Луѓето од локалниот бар ни рекоа дека овој тоалет е во надлежност на град Скопје но никој не води грижа за неговата чистота.

Но, не е проблем само очајната состојба. Во градскиот парк има само два, а уште еден има под мостот Гоце Делчев. Во град со над 600 илјади жители ова се единствените јавни тоалети.

  • Состојбата на јавните тоалети е многу лоша. Мене ми е срам да им кажам на гостите каде е јавниот тоалет.
  • Јавните тоалети се за никаде. Јас пеесет години шетам во парков и состојбата никогаш не била полоша.
  • Стенд ап.
  • Можеби би било подобро да има тои тои тоалети, рекоа тие, но на жалост никој не води грижа.

За одржувањето на тоалетите одговорно е јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Алфа побара став и оттаму и од Град Скопје, но наидовме на молк и од двете институции.

Реклама

Градоначалничката Данела Арсовска во предизборната програма вети изградба и на нови јавни тоалети, но не само што тоа не се случи, туку и веќе постоечки си останаа во ваква очајна состојба.

Новинар Кристијан Ниновски