Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Состојбата со Рашче е стабилна, се испитуваат три позиции во Скопје, кои би биле алтернатива

Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот – истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања.

– Во однос на изворот Рашче, сакам да истакнам дека се почнати испитувања на три нови позиции во градот Скопје, кои би значеле алтернатива за изворот Рашче. Тоа се пообемни операции што ќе се одвиваат во наредниот период, но се стратешки важни за водоснабдувањето на градот. Недопустливо е во изминатите 30-40 години да не се најде алтернатива. Засега нема опасност за Рашче, состојбата е стабилна, а водостојот е повисок отколку во изминатите 25 години – рече градоначалникот одговараќи на прашање на советникот Горан Арсов од СДСМ и коалицијата во однос на водоснабдувањето и дали се работи на изнаоѓање решенија за нови извори на вода, особено во летниот период.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска истакна дека во текот на 12 месеци од минатата година се наплатени една милијарда денари по основ на даноци, од кои околу 70 проценти се во

Во однос на Јегуновце, истакна дека Владата со Општината работи во врска со остранување на проблемот со дивата депонија.

Реклама

– Таму ќе треба многу внимателно да се постапува. Животната средина е во центарот на целиот процес, а ние како Град Скопје се вклучуваме преку нашите служби и верувам дека тој проблем ќе биде решен во перспектива – рече Ѓорѓиевски.

Проблемот со депонијата на поранешен „Југохром“ во Јегуновце повторно се врати во јавноста откога професорот Златко Илијоски предупреди дека таму има речиси 7.000 тони шестовалентен хром и дека локацијата мора да се третира како опасен отпад.

На прашањето на Арсов за тоа кога последен пат е извршена дератизација и каква е состојбата со глувците во Скопје, Ѓорѓиевски рече дека тоа е обврска на општините, веќе испратиле допис до најголемиот дел од скопските општини, повеќето имаат постапено, а според известувањата што ги добиле, другите ќе постапат во блиска иднина.