Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Состанок на судскиот совет: Ќе остане ли Дамева на пиедесталот?

Судскиот совет денеска ќе одржи работен состанок, на кој како што е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет денеска ќе одржи работен состанок, на кој како што е најавено, ќе ја разгледа пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.

По пресудата, како што информираа од Судскиот совет, треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Реклама

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот.

Прашањето кое АЛФА ТВ го упати до Дамева – дали враќањето на претседателската позиција е триумф, таа кратко одговори дека ќе се воздржи од коментари и ќе ја почека денешната разврска.