Реклама
Македонија

Сообраќајот на државните патишта без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.