Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај.

Врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

Од 9.20 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка.Од 9.40 часот е воведена забрана за камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево во двата правца. Од 5.45 часот поради врнежи од снег забранет е сообраќајот за камиони  на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Реклама

-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, информира ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.