Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Сончевите денови ги вратија оризопроизводителите на нивите

Сонцето им даде надеж на оризопроизводителите од кочанскиот регион. По неколкудневните врнежи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сонцето им даде надеж на оризопроизводителите од кочанскиот регион. По неколкудневните врнежи од дожд, временските услови се подобрија и со трактори земјоделците, повторно влегоа во нивите за да жнеат. Велат, дека секој сончев ден им е од голема важност. Оптимисти се дека до крајот на ноември жетва целосно ќе биде завршена.  Досега се ожнеани околу 30% од посеаните оризови полиња. Овогодинешната реколта е со богат род и има добар квалитет.

„Во некој региони има по 700килограми од декар, но кога ќе собереме во просеск излегува околу 500 до 550 килограми од декар….имаше проблем со пестицидите, ние немаме соодветни препарати за да ги третираме сите плевели“, изјави Здравко Арсов, од Мрежата на земјоделци.

Проблем е, што дел од ланската реколта остана непродадена, па сега во амбарите ќе се измеша со овогодинешниот ориз. Оризопроизводителите, остануваат оптимисти дека проблемот ќе се надмине откако годинава за прв пат државата треба да откупи 2400килограми за стоковните резерви, процес што поради изборите, мораше привремено да биде стопиран.

Реклама

„Од страна на Владата и премиерот Мицкоски, ова го кажувам најодговорно, лично ми беше кажано дека ќе се преземат сите активности за оризот биде откупен и да се направи производна цена и да се најде соодветно решение со кое земјјоделците ќе бидат задоволни„ изјави Здравко Арсовски, од Националната мрежа на земјоделци.

Според информациите од оризопроизводителите, од 150 до 200 земјоделци, годинава треба да го предадат својот откуп за стоковните резерви. Во оваа реколта, треба да се ожнеат помалку од 4000хектари оризови полиња