Реклама
Македонија

Хуманоста и солидарноста на дело – државите од регионот и Европа сплотени во тагата на Македонија

Ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Покрај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Покрај македонското, на половина копје се и нивните знамиња.Голем број земји од регионот и  Европа прифатија повредените во трагедијата во Кочани да се лекуваат таму, се ставаат на располагање сите капацитети, се нудат бесплатни сместувања, финансиска помош, поддршка за семејствата. Солидарноста на дело, целиот свет ја споделува болката со Македонија. Меѓу земјите кои веднаш понудија помош и лекување на пациенти, пратија амбулантни возила, авиони, хеликоптери се Хрватска, Грција, Бугарија, Србија, Турција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија, Норвешка и многу други.

Бугарскиот претседател Румен Радев кој се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Македонија во Софија рече дека неговата земја е подготвена да прифати повеќе повредени и чека на македонските власти да кажат дали има потреба за преземање на уште десет лица. Во готовност се воено-транспортниот авион „Спартан“ и амбулантните возила на софиската Итна медицинска помош. Таму се организираат и крводарителски акции.

Во готовност се и авионот „Спартан“ и медицинските тимови, така што ќе продолжиме да даваме помош. Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага во се што е потребно. Најважно е што оваа трагедија покажува дека луѓето од двете страни на границата можеби ќе мора да се потпираат еден на друг, но не само во денови на искушенија како денешните, туку заради нашата заедничка европска иднина, рече шефот на бугарската држава.

Реклама

На улиците во Србија може да се забележат македонски знамиња на половина копје, а денеска е прогласен ден на жалост. Српскиот парламент седницата ја започна со едноминутно молчење за почит за жртвите. Српската амбасадорка рече дека ги ставаат на располагање сите здравствени капацитети, и подготвени се да примат уште пациенти.

Србија тагува заедно со вас, нашите мисли се со братскиот македонски народ, мислам дека не постои во Србија личност која не заплака за она што се случи во Кочани. Се трудиме, на секој можен начин да ја поделиме болката со вас и да пружиме помош, рече амбасадорката на Србија во Македонија.

Хумани граѓани нудат сместување за семејствата на повредените и психосоцијална помош. Во објавите на социјалните мрежи посочуваат дека ова е чин на човечност, хуманост, љубов и пријателство.

Сместување за роднините на повредените кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува Здружението на бизнис жени од Грција кои веќе имаат на располагање околу 20 соби и кревети. Aпартмани нудат и нашинците таму, но и Грците.

За сите од смејствата на повредените кои ќе бидат преместени во Загреб. Сара е таму спремна да помогне со сѐ што може +389 75 454 907.

Во Белград, во овие тешки мигови за семејствата на повредените на располагање, кои се лекуваат таму, 24/7 можат да се обратат на Марија Видикова тел. Број 00381638773388 ,  Бобан Самарџиски  00381 63 344 244, и Милан +381 65 8222 888.

Имињата на пациентите не се познати, затоа ве молам, споделете ја објавата со надеж дека информацијата ќе дојде до нив. Виена на располагање со цело срце +4369918207487.

Во болница во Будимпешта е однесено девојчето од Кочани. За неа се грижи другарка ми која таму живее и работи. Панда нуди бесплатно сместување на родителите на девојчето.

 Живеам во Марибор, Словенија. Ако на некој од семејствата им треба сместување, имам можност за четири луѓе и стојам на располагање +38670453216, ова се само дел од објавите на социјалните мрежи.

Бесплатен транспорт, превод, престојувалиште за Грција и Србија семејствата може да побараат и на телефонскиот број 075 421 535 – објави уште еден хуман човек.

Од Здружението „Нова политичка емиграција на македонските Бугари“, во Софија информираат дека со цел да обезбедат поддршка за сите засегнати, обезбедени се следниве телефонски броеви за контакт, кои ќе бидат активни од 21:00 часот, македонско време:

+359886007837

+359886007767

+359886007197

Помош понудија и од Холандија за 4 лица сместување, храна, превод и се што им е потребно на фамилиите на децата префрлени во специјализираната болница за изгореници.

Оваа солидарност е показател колку е важно заедништвото, поддршката и грижата, без разлика на националноста, религијата или културата.