Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Софија тактизира, нема потврда од ЕК за средба меѓу високите претставници на Македонија и Бугарија

Се чека официјална Софија да потврди за средбата на македонскиот премиер Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се чека официјална Софија да потврди за средбата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски со неговиот бугарски колега Росен Жељасков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг. Македонската влада е во постојана комуникација со Европската Унија, вели премиерот, дури има и предлог термин, но не и повратен одговор од бугарските власти.

  • Имаме комуникација, со канцеларијата на Европската Комисија, и вчера и денес. Се уште немаме повратен одговор, има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на македонската влада, претходно најави дека ќе стапи во контакт со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта за да се знае дали и бугарските власти ќе се согласат на средба. Македонија останува отворена за разговор- во  таа насока е и изјавата на претседателката Сиљановска Давкова. За неа не е проблем да седне на маса и со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

  • „Јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта, (претседател на Европскиот совет) негов беше предлогот. Во меѓувреме јас не знам, јас ќе бидам таму ако ми е мене редот. Инаку, се знае, ред е да се разговара со хомологот, но еве нема проблем меѓутоа, не зависи од мене туку зависи од нашите соседи. Се разбира ние сме толку блиску што би можеле и да разговараме и во близина некаде, но предлогот дојде од господинот Антонио и тој сега, кога бев јас во Ница, ме информира дека нема да дојде господинот Радев на Самитот на НАТО, туку ќе дојде Жељазков“ – рече Сиљановска Давкова вчера.

Самитот на НАТО е закажан од 24 до 26 јуни во Хаг, каде според најавите ќе се донесат важни одлуки за Алијансата.