Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Социо-здравствен саем во Охрид:  институции, лекари и граѓани во заедничка мисија за превенција и подобро здравје

Во Охрид од денеска се одржува тридневен Социо-здравствен саем, настан осмислен да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Охрид од денеска се одржува тридневен Социо-здравствен саем, настан осмислен да поврзе институции, компании, иницијативи, здравствените работници со граѓаните околу прашања од директен јавен интерес.

Настанот е насочен пред се кон ранливите категории граѓани од социјален и здравствен аспект, за зближување до институциите задолжени за грижа кон нив. Концептот е обид здравјето да се извади од институциите и да се доближи до граѓаните, преку директна комуникација, практични совети и достапни услуги.

– Наредните три дена ќе биде формирана база за формирање група за самопомош. На состаноците одржани пред самиот настан е договорено институциите да ја презентираат својата отвореност, претставници на одредени група граѓани, здруженија да можат да ги посетат и да се запознаат со услугите што можат да ги добијат, што е ново, а од нивен интерес. Компаниите што се дел од саемот ќе можат да понудат дел од своите производи и услуги, и тоа барем наредните три месеци, рече Димче Каневче од Здружението на лица со дијабет од Охрид.

Реклама

На Саемот ќе има претставници на Агенцијата за вработување, Фондот за здраствено осигурување, на болниците и здравствените установи од Охрид, осигурителни компании, над дваесет излагачи што ќе нудат услуги и производи наменети за граѓаните, особено оние од ранливите групи.

Прашањето за тоа колку изостанува отвореноста или достапноста на услугите на институциите кон граѓаните, не секогаш е проблем на самите институции, честопати причина за тоа е недоволната заинтересираност или незнаењето на луѓето. 

– Сметам дека проблем е незнаењето, тука е и стравот, но можеби најголем проблем се предрасудите што луѓето ги имаат кон институциите. Луѓето  често велат дека нема лекови, нема помагала, отсуствува грижа, системот не функционира, но на прашањето кога последен пат се обратиле кон институциите за помош, едноставно дигаат раменици, рече Каневче.

Како што беше посочено на настанот, целта на ваквите настани е токму тоа, да се надминат тие, понекогаш навистина непостоечки бариери, да се унапредат знаењата на луѓето и на оние од социјално ранливите категории за сите мерки што им стојат на располагање во општеството.   

Важен дел од здравиот живот, како што беше речено, претставува и менталното здравје на секоја личност и тоа од многу аспекти.

– Без стабилна ментална состојба не може да се зборува за здрава личност. Наредните три дена граѓаните ќе можат да осознаат како од аспект на исхрана, физичка активност, ментална хигиена може да се зачува виталноста и кончено капацитетите за справување со предизиците во секојдневото живеење, рече Ристана Николовска од Советувалиштето „Психонаутика“.

Социо-здравствениот саем се одржува со финансиска поддршка на Општина Охрид.