Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

„Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ – петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје

Во организација на Слоу Фуд Водно, утре од 10:00 до 17:00 часот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Слоу Фуд Водно, утре од 10:00 до 17:00 часот, кај Фонтаната во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи петтиот Фестивал на биодиверзитет со мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“.

Фестивалот е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните производители. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат производителите, да дегустираат локални производи и да дознаат повеќе за значењето на зачувувањето на биодиверзитетот и традиционалните земјоделски практики.

Во фокусот на годинашното издание е скопскиот јабучар – стара и препознатлива локална сорта домат, карактеристична по својот автентичен вкус и значајна за традиционалната скопска градинарска култура. Токму преку ваквите примери фестивалот ја истакнува поврзаноста меѓу природното богатство, земјоделското наследство, културата и храната што ја имаме на трпезата.

Реклама

На истата локација, ќе се одржи и „Ден на граѓанските организации“, во организација на Цивика мобилитас, со дополнителни содржини и активности за граѓаните.

За посетителите се подготвени интерактивни работилници, активности за млади, дебати и презентации, како и музичка програма и магионичарско шоу, со што фестивалот ќе понуди содржини за сите генерации.

Фестивалот е реализиран со поддршка од Град Скопје We Effect и Слоу Фуд Македонија.