Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Собраниска делегација на Конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ во Никозија

– Македонска собраниска делегација ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничката надворешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Македонска собраниска делегација ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничката надворешна и безбедносна политика и заедничката безбедносна и одбранбена политика што од 3 до 5 март ќе се одржи во Никозија, Кипар. Конференцијата, во услови на актуелни геополитички предизвици, има за цел да придонесе кон изградбата на поотпорна, пообединета и поефикасна ЕУ во областа на надворешната и безбедносна политика.

Фокусот на Конференцијата ќе биде ставен на приоритетите и стратегиите на заедничката надворешна и безбедносна политика (CFSP) и Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP), зајакнувањето на улогата на Европската Унија во Северна Африка и Блискиот Исток, како и на изградбата на посилна и покапацитетна европска одбрана. 

Во состав на македонската делегација се претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, како и членовите на овие комисии – Оливер Спасовски и Рашела Мизрахи.

Реклама

Како што соопшти собраниската прес-служба, конференцијата е во рамките на парламентарната димензија на Кипарското претседателство на Советот на Европската Унија, а организирана од страна на Парламентот на Република Кипар.

На конференцијата се очекува учество на претседателите на надлежните парламентарни комисии од земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, членови на Европскиот парламент, како и претставници од академската и безбедносна заедница. Во услови на актуелни геополитички предизвици, конференцијата има за цел да придонесе кон изградбата на поотпорна, пообединета и поефикасна ЕУ во областа на надворешната и безбедносна политика.

Конференцијата претставува значајна платформа за размена на мислења и зајакнување на интерпарламентарната соработка меѓу националните парламенти на земјите членки и земјите кандидатки за членство во ЕУ, Европскиот парламент и поканетите експерти.