Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Собранието ќе одржи две седници, на дневен ред закони по скратена постапка

Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници, на чиј дневен ред се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе одржи две пленарни седници, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони од областа на образованието и културата, кои ќе се разгледуваат по скратена постапка.

Пред пратениците во рамки на  105. седница е Предлог законот за ратификација на изменувањето на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска согласно Одлуката бр. 1/2026 на Советот за партнерство, трговија и соработка од 26 јануари 2026 година за изменување на Протокол 4 во врска со дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка и Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.

На дневен ред на 123. седница се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог законот за изменување на Законот за педагошката служба, Предлог законот за изменување на Законот за бирото за развој на образованието. Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Македонија, на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, на Законот за матичната евиденција, на Законот за државните награди и на Законот за државните награди.