Реклама

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Македонија

Собранието ќе разреши 5 члена на Судскиот совет по празниците: Премиерот Мицкоски најави мерки по празниците

Празниците ќе бидат последните денови во Судскиот совет за дел од членовите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празниците ќе бидат последните денови во Судскиот совет за дел од членовите. На почетокот на следната година, извесно е дека во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација за членовите во највисокото судско тело кои се избрани од пратениците. Такви членови во Советот се петорица – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Иливска. Премиерот Христијан Мицкоски откри дека за тоа размислуваат откако не беше изгласан годишниот извештај за сработеното во Судски.

„Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период“ – рече премиерот Мицкоски.

За македонските граѓани да ја добијат правдатата, според премиерот, не се доволни само полициските акции. Според Мицкоски, во борбата против криминалот и корупцијата мора да се вклучат и другите институција и законите да важат подеднакво за сите.

Реклама

Собранието не го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет на 3-ти октромври тоа може да биде основ за разрешување на оние членови на Советот кои се избрани од пратениците.

На Мустафа секако мандатот му устекува овој месец, а на негово место седнува Аритон Ала, кој беше избран заедно со судијката Данка Ристова која доби најмногу гласови за да ја замени досегашниот член Лорета Георгиева.

Од собранието избрани се и Тања Чачарова Илиевска, како и Павлина Црвенкоска – поранешната претседателка која си поднесе оставка поради притисоци од судско-бизнис елитата. На предлог на екс претседателот Пендаровски како „истакнати правници“ Собранието во 2019 –та ги избра Весна Дамева и Селим Адеми.