Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Собранието ја изгласа одлуката за именување членови на Програмскиот совет на МРТ

Македонското Собрание во рамки на за денеска закажаната и продолженијата на три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското Собрание во рамки на за денеска закажаната и продолженијата на три веќе започнати седници – 47-ма, 48-ма и 52-ра, гласаше и усвои неколку одлуки и закони за кои беше потребно двотретинско мнозинство, но и мнозинство гласови од етничките заедниците кои не се мнозински.

Во рамки на 47-та седница со двотретинско мнозинство беше изгласана Одлуката за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија, за која гласаа 91 пратеник од вкупниот број пратеници, но и 20 од помалите етнички заедници.

Претходно со двотретинско мнозинство помина Одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ, за која гласаа 90 пратеници, а пет беа против. За Одлуката гласаа и 20 пратеници од немнозинските етнички заедници, а четири беа против.

Реклама

Во рамки на продолженијата на започнатите седици беа донесени законите за изменување на Законот за култура и за измени и дополнувања на Законот за заштита на децата.

Потоа Собранието се врати да расправа по точките од за денеска закажаната 55. седница. Притоа беза усвоени Предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, согласно кој Фатих Алиу стана негов член, Предлог-одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти, но и Предлог-одлуката за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во рамки на оваа седница беа усвоени и повеќе закони кои беа во второ читање како Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, законот за за изменување на Законот за волонтерството, Законот за изменување на Законот за младински додаток, Дополнетиот Закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа.

Македонското Собрание претходно во рамки на оваа 55. седница го донесе Законот за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република  Македонија) и Прешево (Република Србија).

На дневен ред на оваа седница останаа закони кои беше предложено да бидат донесени по скратена постапка, за кои треба да расправаат матичните тела, а поради немање услови не беше усвоена ниту Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Претседателот на Собранието ја прекина 55. седница и најави дека за продолжението пратениците ќе бидат дополнително известени.