Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Собранието го верификува мандатот на пратеникот Зекирја Таири

На предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и известувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и известувањето од Државната изборна комисија (ДИК), Собранието на денешната 80. седница му го верификува мандатот на новиот пратеник Зекирја Таири од „Вреди“, кој доаѓа на местото на Беким Сали, кој е именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања.

На почетокот, по предлог на група пратеници и предлагачи, беа повлечени предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за полицијата и на Законот за внатрешни теработи, двата по скратена постапка.

Седницата на Собранието ќе продолжи по завршувањето со работата на неколку комисии, односно по паузата до 12.30 часот, која ја даде претседателот Африм Гаши.

Реклама

Во продолжението на седницата Собранието треба да изврши избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет на Македонија, предложени од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Пратениците треба да донесат и да разгледаат повеќе предлог-закони, меѓу кои се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик во прво читање, како и предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, во прво читање, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.