Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Собранието го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини од Вреди

Собранието денеска го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини која доаѓа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини која доаѓа на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата Вреди.

Претходно денеска, пред почетокот на 52. седница, Собранието констатираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18-ти месецов поднесе оставка од сите функции во Алијанса за Албанците и од функцијата пратеник во Собранието.

Собранието денеска ја донесе и одлуката за давање овластување на спикерот Африм Гаши за склучување на поединечни колективни договори со претседателите на синдикатите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид,  Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски” Битола.

Реклама

Воедно, на денешната седница беше прифатен предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за дополнување на дневниот ред за Предлог-измени на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување по скратена постапка. Според Стојановски, се работи за мала измена, но која е потребна за да се задржи системот на исплата на пензиите функционален и да не се доведе во прашање исплатата на пензиите.

При точката со Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ побара пауза поради, како што наведе, неусогласености на предлогот.

-Во едниот текст стои дека е договор во врска со партнерството, а во англиската верзија стои спогодба и не може да се смета за меѓународен договор. Ако ги гледаме двете верзии, особено ако ја видиме англиската верзија, ова е ништовен документ затоа што во англиската верзија стои дека потпишал потпретседател на Република Македонија, ние како држава немаме таква функција, а во македонската верзија стои дека потпишал заменик претседател на владата на РМ, ако е вака, тогаш нема апсолутно важност и тоа ќе мора да се исправи, посочи Спасовски.

Во моментот Собранието е на пауза до 15:30 часот.