Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Собранието го донесе Кодексот за етичко однесување на пратениците

Собранието, попладнево, во рамките на 104. седница, едногласно со 82 гласа „за“ го донесе Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието. Пратениците исто така ја почнаа дебатата за утврдување на потребата за носење на предлог-законот за соодветна и правична застапеност.  Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека со Кодексот за етичко однесување на пратениците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, попладнево, во рамките на 104. седница, едногласно со 82 гласа „за“ го донесе Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието.

Пратениците исто така ја почнаа дебатата за утврдување на потребата за носење на предлог-законот за соодветна и правична застапеност. 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека со Кодексот за етичко однесување на пратениците се определуваат основните принципи и стандарди на етичко однесување и постапување на пратениците во Собранието. Гаши објасни дека Кодексот е доработен со поддршка на Националниот демократски институт. 

Реклама

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во Собранието предизвика дебата, пред сè, меѓу пратениците Албанци, а владиниот предлог го образложи вицепремиерот за европски прашања, Беким Сали. 

– Дискутираме за закон за правична и соодветна застапеност, должност што произлегува од Охридскиот договор и Уставот. Денеска, првпат пред ова Собрание имаме законско решение со кое ова законско начело го претвораме во закон и ова е причината зошто овој закон има историско значење. По 24 години, овој принцип од договорот ние го претвораме во закон – рече Сали. 

Вицепремиерот рече дека балансерот бил само бајпас, а дека едно уставно право треба да биде заштитено со закон и соодветната и правична застапеност треба да се реши системски.

– Овој закон има цел правичната застапеност и меритократијата да одат заедно бидејќи највисоките институции се истовремено и професионални и претставнички. Главен аспект е тој фактор дека законот е усогласен со Венецијанската комисија. Значи, станува збор не за партиско решение, туку за решение кое е во согласност со европските стандарди и затоа не може некој денес да вели дека овој закон е далеку од Европа. Во спротивно, овој закон е потврда дека должностите кои што излегуваат од Охридскиот договор можат да се реализираат со почитување на највисоките стандарди – рече Сали. 

Овој закон, како што кажа тој, создава механизам за проверка на неговото спроведување.

– Се предвидува и политичка одговорност за управителите на институциите кои што не го почитуваат законот. Ова укажува на сериозноста со која пристап има Владата – рече Сали потенцирајќи дека овој закон не е против никого ниту пак дека некому му се одземаат права. Ги повика сите пратеници и од власта и од опозицијата да гласаат за законот. 

Имам, рече тој, уште еден повик за пратениците Албанци. – Несогласувањата се партиски, но денеска пред нас имаме закон кој што ги допира сите. Едно од најголемите политички достигнувања на оваа држава, Охридскиот договор, не е сопственост на ВЛЕН, ниту на ДУИ, ниту на една друга партија. Тоа е постигнување на граѓаните и должност на сите нас. Затоа не сакам да прашувате кој го предлага законот. Прашајте дали овој закон ги исполнува должностите кои што ни се наметнати во овие последни две децении и затоа ја барам вашата поддршка за да се поддржи овој Предлог-закон – рече вицепремиерот Сали. 

Партиите на Албанците во опозиција остро се спротивставуваат на законот велејќи дека тој ги враќа назад во однос на нивните права, а законот не го поддржа ниту пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, кој смета дека е погрешно поставен.  

Предлог законот за соодветна и правична застапеност се носи во редовна постапка и за него денеска во Собранието се одржа јавна расправа.