Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата и нафтените деривати

Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница, на која на дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница, на која на дневен ред е предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата до 20 јули годинава. 

Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност.

Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21 април.

Реклама

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23 минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да може ефикасно да ги спроведуваат мерките. Со одлуката се утврди постоење кризна состојба поради можност нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението како последица од постоење ризици и опасности во снабдувањето со стратегиските енергенти, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државата. Тогаш беше активиран и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој е во постојано заседавање за следење на мерките и активностите и координирано дејствување поврзани со оваа одлука. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. – Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.  

Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. За тоа дали по 20 април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека од она што го следи, најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела. Попустот со „Окта“, како што рече, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел-горивото. – Тоа е приближно 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар за литар – најави Мицкоски.