Реклама

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Македонија

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител.

Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати.

Ненад Савески е роден 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по правни науки – казнено право. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје, каде што ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Од 2016 година е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, од 2009 до 2016 година работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година бил стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Во овој суд од 2000 до 2002 година работел како судски приправник.

Реклама
Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвините

Од експертските и меѓународните ангажмани во биографијата на судијата Савески е наведено дека бил експерт во ОБСЕ Македонија, експерт во Национална конвенција за ЕУ – Поглавје 23, како и експерт во проекти на Советот на Европа, ОБСЕ и УСАИД.

Член е на работни групи за судски и законски реформи. Работел на проекти за посебни истражни мерки, притвор и за кривична постапка.

Од академската кариера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач за човекови права и кривично право.

Тој е автор и коавтор на трудови за посебни истражни мерки, слобода на изразување, клевета и навреда, конфискација на имот, право на приватност, како и на повеќе водичи и стручни публикации.

Зборува македонски, англиски, германски, српски и основен албански јазик.

Претходно, на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државна јавна обвинителка, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

На дневен ред на денешната седница се и предлогот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.  Комисијата за избори и именувања утврди предлог листа од двајца кандидати и тоа Cejфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште и Apбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово.

Пратениците треба да ја утврдат и потребата за носење на измени и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и измени на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, двата по скратена постапка. 

На пленарната седница би можело да се очекува на дневен ред да биде ставен и предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Комисијата за прашања на изборите и именувањата вчера го предложи Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.