Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Собрание: Интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски, ВМРО-ДПМНЕ најави конзистентост во ставовите

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кажа дека како политичка партија и тој како човек не ги менуваат ставовите преку ноќ.

-Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ, одговори Мицкоски, во изјава за медиуми по отворањето на базен во ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

Реклама

Инаку, интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, е ставена како точка на утрешната 64. собраниска седница.

Коцевски во петокот достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина за ниската доверба во јавноста.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на користењето на службени возила доцна навечер на вицепремиерот Изет Меџити и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, премиерот посочи дека доколку ги користеле возилата за партиски цели треба да им се извинат на граѓаните.

-Ние како Влада работиме до доцна навечер и сигурно биле на состанок во којшто имало потреба и поврзани работи со Владата, а доколку не биле, тогаш треба да им се извинат на граѓаните, ако ги користеле за приватни или партиски цели затоа што ги трошат ресурсите на граѓаните. Доколку имале состанок на тема поврзана со владините политики тогаш во ред, претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, рече Мицкоски.

За разрешување на Коцевски се потребни 61 пратенички глас. Освен 6 пратеници од Левица, извесно е и дека за разрешување на Коцевски ќе гласа и ЗНАМ. Конзистентноста на ставот тоа го наведува и за ВМРО-ДПМНЕ, иако, диртектно не се изјаснија.
Интерпелацијата ја поднесе Левица поради, како што наведуваат селективност во истрагите, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.