Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Со традиционалното капење на рибарите во Охридското Езеро се заокружуваат Богојавленските чествувања

Со охридска страогратска песна,пача,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со охридска страогратска песна,пача,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше денот на рибарите.Овој ритуал, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат, бидејќи скокаат од својата најрана возраст.Во амбиентот уживаа многу домашни и странски гости.

-Јас сум од Кина,патот ме наведе овде токму за големиот верски празник и оваа манифестација.Ги овековечив со најубавите фотографии кои некогаш сум ги направила; -Приготвената риба овде има посебен вкус,прсти да излижеш;-Денеска го прославуваме денот на рибарите.Сакав да се капам и јас со нив,но за еден изралец како мене, водата е ладна,но амбиентот топол,народот непосреден.Вие сте среќни луѓе”-велат странските туристи

Охриѓани,ама и  гостите се испотепаа,земаа од плашиците и пачата,некои за да понесат и дома да се замезам.

Реклама

“-Ние сме од Прилеп,манифестацијата ќе продолжи и догодина здравје пак ќе дојдеме.Пачата е супер.Пробавме и плашици,ама чорба не пробавме ;Охриѓани се супер народ,гостопримлив,прекрасно се чувствуваме.Охрид ни е омилен,пачата е супер, поубава од прилепската”-велат домашните гости

Старите охриѓани се присетуваат на годините кога многу скромно и скришум од тогашните власти, рибарите скокале означувајќи го почетокот на ловната сезона.

Тоа бил модиус да се означи Богојавление,рибарите со усул, со дикат да дојдат после собрање на мрежите тепсии со риба ги печат,вино од бочките пијат, се веселат,пеат.Бидејќи забранувале во социјализмот вера што е голема грешка бидејќи верата го држи вредностите на човекот во животот –вели Љупчо Маслов,рибар

Поради истребувањето на ендемичните видови риба, за разлика од едни дамнешни времиња,пастрмка сега нема ни за лек, а не пак за чорба.

За да се фати нешто и да се спржи има,како на пример вака тој што ги пржел,ала да му е малку солени ама таман за пиење;-Одите на риби сега,има риба? Има колку сакаш, ако имаш пари во џебот,има.На риби одите.Одам,за кејф,риба има по малку-велaт рекреативните риболовци  

Инаку најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка  22 кг.