Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Со полна акумулација Калиманци и функционална каналска мрежа, започнува наводнителната сезона во Кочанско

Со полна акумулација Калиманци и функционална каналска мрежа, годинава започнува наводнителната сезона…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полна акумулација Калиманци и функционална каналска мрежа, годинава започнува наводнителната сезона во Кочанската Котлина. По повеќе од една деценија, со специјална механизација целосно е исчистен каналот за наводнување во селото Спанчево, со што ќе се обезбеди сигурен проток на вода кон земјоделските површини. Каналот е долг 11,4 километри, со капацитет од 36 кубни метри вода.

Со неговото расчистување не само што ќе се подобри водоснабдувањето, туку и ќе се намали опасноста од поплави по обилните дождови. Од Водостопанство велат дека годинава приоритет ќе биде рационалното управување со водните ресурси.

„Сега императив ни е да ја завршиме сезоната со една третина повеќе вода од минатата сезона. Годинава нема да има непотребно испуштање на водата. Во пресрет на климатските промени и хидрологијата, не знаеме каква ќе биде, затоа да ја чуваме таа акумулирана вода во акумулацијата“, изјави Филип Филиповски, директор на АД „Водостопанство“ на Македонија.

Реклама

Последен пат каналот за наводнување бил исчистен во 2011 година. Надлежните апелираат месното население одговорно да се однесува и да не фрла смет и шут, со цел да не се повтори состојбата од изминатите години. Од Општина Чешиново-Облешево најавија дека потегот покрај каналот во селото Спанчево, во наредниот период ќе биде хортикултурно уреден.

„Имаме идеја, во соработка со Водостопанство и со мислења од Министерството за земјоделство, да пристапиме кон изградба на кеј. Со ова, овој потег кој претставуваше сериозен проблем за време на поројните дождови, сега да претставува една убава слика, а не проблем“, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Од Водостопанство потенцираат дека поројните дождови ја наполнија акумулацијата Калиманци, што значи дека наводнителната сезона ќе започне навреме. Водата за наводнување ќе биде пуштена согласно потребите на земјоделците и во зависност од културите што ќе се одгледуваат.