Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето 

Ученици и наставници од 15 основни скопски училишта, денеска, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставија своите проекти на тема „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“ на настанот кој се организираше по повод 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето.  Користејќи обновливи извори на енергија, учениците и наставниците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ученици и наставници од 15 основни скопски училишта, денеска, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставија своите проекти на тема „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“ на настанот кој се организираше по повод 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето. 

Користејќи обновливи извори на енергија, учениците и наставниците ги прикажаа своите уникатни идеи, меѓу кои впечатливи макети, како мини еко-системи, самоодржливи урбанистички решенија и иновативни проекти за рециклирање.

На конкурсот беа избрани три најкреативни решенија. Првото место им припадна на учениците и наставниците од  ООУ „Крсте Мисирков“ од општината Гази Баба, додека второто и третото место го добија учениците и наставниците од ООУ „Дане Крапчев“ од општината Гази Баба и ООУ „Петар Поп Арсов“ од општина Карпош. 

Реклама

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на настанот им честиташе на сите ученици и наставници за нивните уникатни идеи. 

– Се надевам дека вашите креативни решенија ќе станат реалност –  им порача министерката Божиновска, истакнувајќи го напредокот на нашата земја во однос на искористеноста на обновливите извори на енергија. Министерката, притоа, ја нагласи важноста на зелената енергија за граѓаните, појаснувајќи ги нејзините придобивки. 

Први јуни – Меѓународниот ден на детето, прогласен од УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, традиционално се одбележува во многу земји во светот, со цел да се истакне важноста од грижата, развојот и поддршката на децата. 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со денешниот настан се придружува кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден на детето, како дел од нашите заложби за поддршка на младите и нивното знаење и создавање услови за воспоставување на стабилен и сигурен енергетски систем преку поголема интеграција на обновливите извори на енергија.